• недела, 21 јули 2024

Во Кавадарци граѓани реагираат поради поставени столпчиња кај зградите во кои живеат 

Во Кавадарци граѓани реагираат поради поставени столпчиња кај зградите во кои живеат 

Кавадарци, 25 септември 2023 (МИА) - Граѓани кои живеат во дел од новиот центар на Кавадарци, вечерва реагираат поради поставени столпчиња кај зградите во кои живеат. Во изјава за МИА, тие велат дека им е отежнато влегувањето со автомобили близу нивните живеалишта во неколку згради. 

- Сметаме дека со вакво сообраќајно решение овде, доколку има потреба, нема да може да реагираат итната медицинска помош, противпожарната служба, а ќе биде отежнат и дотурот на дрвна маса за греење на домаќинствата. За ова ги известивме и ОВР Кавадарци, службата ,,Мој општинар",  Општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Кавадарци, појаснија од Иницијативниот одбор на граѓаните, кои вечерва излегоа на улица, за на мирен начин јавно да побараат да се тргнат столпчињата. 

Од Општината рекоа за МИА дека станува збор за проект за комунална изградба финансиран од Светска банка, кој опфаќа четири улици и оти засега не смеат да корегираат ништо, додека не се направи технички прием за изведените работи. Откако ќе поминел техничкиот прием, ќе било можно да им се излезе во пресрет на жителите од тој дел на новиот центар во Кавадарци и да се извршат корекции. свд/лв/


Фото : Иницијативен одбор на граѓани

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан