• петок, 05 декември 2025

Во кавадаречко Дреново се гради јавен повеќенаменски објект 

Во кавадаречко Дреново се гради јавен повеќенаменски објект 

Кавадарци, 3 ноември 2025 (МИА) - Во тек е поставување на покривна конструкција на сенаменскиот објект во село Дреново, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

- Интензивно се работи на повеќенаменскиот објект во село Дреново на површина од 530 м2, од кои само за спорт, рекреација и културни манифестации се предвидени 360 м2, додека останатиот дел ќе биде наменет за соблекувални, тоалети и една деловна просторија за потребите на Месната заедница Дреново. Инвестицијата во висина од 30 милиони денари е на Општина Кавадарци, соопштија од кабинетот на Јанчев. свд/мд/


Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан