• понеделник, 01 јули 2024

Во Индија 11 отсто помалку врнежи годинава од просекот за сезоната на монсуните

Во Индија 11 отсто помалку врнежи годинава од просекот за сезоната на монсуните

Мумбај, 1 јули 2024 (МИА) - Според податоците на Индиската метеоролошка агенција, во јуни оваа година во Индија се регистрирани 11 отсто помалку врнежи од просечните вредности, бидејќи монсуните го изгубиле интензитетот во средината на јуни во сите региони освен јужниот дел на земјата.

Централна Индија имала 14 отсто помалку врнежи, северозападниот дел на земјата имал 33 отсто помалку, а североисточна Индија има 13 отсто помалку врнежи од јунскиот просек, покажуваат податоците собрани од Индиската метеоролошка агенција.

Дури 14 отсто повеќе врнежи од дожд од просекот за овој период од годината има во јужна Индија, соопштија од Индиската метеоролошка агенција. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан