• недела, 22 декември 2024

Во израелските напади во саботата во Либан загинаа 51 лице, соопшти либанското Министерство за здравство

Во израелските напади во саботата во Либан загинаа 51 лице, соопшти либанското Министерство за здравство

Бејрут, 14 октомври 2024 (МИА) - Во израелските напади во Либан во саботата загинаа 51 лице, а ранети се уште 174, соопшти либанското Министерство за здравство, јави ДПА.

Повеќето од жртвите се во јужен Либан, во близина на градот Набатие и планинските области, истакна Министерството.

Вкупно 2.306 лица се убиени, а 10.698 се повредени во Либан од избувнувањето на вооружените судири меѓу либанската група Хезболах и израелската армија пред нешто повеќе од една година, додаде одделот. зш/

Остани поврзан