• петок, 05 декември 2025

Во железничка несреќа во Чешка повредени 45 луѓе

Во железничка несреќа во Чешка повредени 45 луѓе

Прага, 20 ноември 2025 (МИА) – Во судир на брз и патнички воз утрово во јужниот дел на Чешка повредени се 45 луѓе, од кои пет се здобиле со тешки повреди.

- Во болница се примени пет потешко повредени лица, изјави портпаролката на болницата во Чешке Будејовице.

Сè уште е непозната причината за судирот помеѓу двата патнички воза на пругата Чешке Будејовице – Плзен. Железничкиот сообраќај е во прекин, а на местото на несреќата има осум спасувачки екипи.

- Таа пруга не е опремена со современ безбедносен систем, изјави генералниот инспектор на Железничката инспекција Јан Кучер.

Според чешките медиуми, несреќата се случила бидејќи еден од возовите го игнорирал црвеното светло. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан