• вторник, 17 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Делчево финишира реконструкцијата на дел од улица Илинденска

Во Делчево финишира реконструкцијата на дел од улица Илинденска

Делчево, 22 април 2025 (МИА) - Во Делчево во финална фаза е реконструкцијата на дел од улица Илинденска и пешачка патека до спој со улица Солунска. Со проектот како што информираа од Општината опфатено е реконструкција на постоечкиот коловоз и пешачката патека со скали.

-Вкупната вредност на договорот изнесува 2.132.638 денари со вклучен ДДВ, од кои 990.606 денари со ДДВ, кофинансира Министерство за транспорт за поддршка на имплементација на декадата и стратегијата за Ромите, а останатите се обезбедени од буџетот на Општина Делчево, и формираа ос Општината.

Реконструкцијата е со вкупна должина од 250 метри.

-Очекуваме по завршување на активноста да се подобри пешачката комуникација на граѓаните со останатиот дел од градот, додадоа од Општината.

Изведувач на работите е ДППГТУ Коп-Инженеринг ДООЕЛ Скопје. вс/сст/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан