• недела, 22 декември 2024

Во Делчево се одбележува Неделата на сестринството

Во Делчево се одбележува Неделата на сестринството

Делчево, 9 мај 2024 (МИА) - Во Делчево започнува одбележувањето на Неделата на сестринството. По тој повод денеска беа доделени признанија на најхуманите медицински сестри од Делчево и Македонска Каменица.

- Оваа година избравме една медицинска сестра од здравствениот дом во Делчево и една од здравствената станица во Македонска Каменица. Во здравствениот дом Гоце Делчев во Делчево за најхумана медицинска сестра едногласно е избрана Јорданка Новоселска, додека во здравствената станица во Македонска Каменица, најхумана сестра е Марина Лазарева, истакна Сузана Пановска од делчевското  Здружение на медицински сестри која им ги додели признанијата на наградените.

Оваа година првпат, Здружението на медицински сестри, како што додаде, дозволи во здравствените домови да се зголеми бројот на избрани хумани сестри.

- Првпат годинава можевме да бираме две најхумани медицински сестри, на задоволство на самите сестри. Да споменеме и тоа дека годинава мотото на здрижението на медицински сестри е „Вистинско време за движење напред" инвестиција во сестринството за здрава нација, рече Пановска..

Одбележувањето на Денот на сестринството започнува на 5 мај со Денот на акушерките, а завршува на 12 мај со Денот на медицинските сестри. вс/лв/

Фото: МИА
 

Остани поврзан