Во Делчево одржан концерт на камерното трио Петровска, Јакимовска и Ајтовска
- Во Делчево синоќа концерт одржа камерното трио Билјана Петровска на пијано, Марија Јакимовска на флејта и Верица Ајтовска на виолина. Концертот се одржа во организација на Центарот за култура „Никола Јонков - Вапцаров" од Делчево.
Делчево, 3 јули 2024 (МИА) - Во Делчево синоќа концерт одржа камерното трио Билјана Петровска на пијано, Марија Јакимовска на флејта и Верица Ајтовска на виолина. Концертот се одржа во организација на Центарот за култура „Никола Јонков - Вапцаров" од Делчево.
- Изведуваме мои композиции, најнови композиции од Опус А што се напишани специјално за ова трио. Имавме свита за пијано и флејта специјално работено за мене и Марија и имаме композиции од претходниот опус којшто веќе е снимен со наслов „Здивот на вечната љубов“, изјави пијанистката Петровска.
Камерното трио пред летните одмори, како што најави Петровска, планира уште еден концерт во Скопје.
- Со оглед на претходните обврски ќе имаме уште еден концерт во Скопје, а потоа следува пауза, посочи Петровска.
Концертот во Делчево се реализира со поддршка на Министерството за култура. вс/бак/
Фото: МИА