• петок, 22 ноември 2024

Во Делчево во тек е обележување на хоризонталната сигнализација на сообраќајниците

Во Делчево во тек е обележување на хоризонталната сигнализација на сообраќајниците

Делчево, 25 март 2024 (МИА) - Во Делчево во тек е обележување на хоризонталната сигнализација на сообраќајниците. Со оваа активност, како што информираше градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, планирано е да бидат обележани пешачките премини, стоп линиите, разделните линии, стрелките и сообраќајните острови на улиците во Делчево.

- Ова претставува редовна активност на Општина Делчево, со што се обезбедуваат услови за безбедно користење на улиците од страна на сите учесници во сообраќајот и директно се влијае на зголемување на безбедноста во сообраќајот во Делчево. За обележување на хоризонтална сигнализација, Општина Делчево склучи Договор за јавна набавка со изведувачот АТС-Инженеринг од Велес, каде за оваа намена се предвидени 350.750 денари без ДДВ, истакна Трајковски.

Додава дека е во тек и сообраќајно уредување на новоизградениот градски пазар со обележување на улиците и паркирните места.

- Исто така овде се поставува вертикална сигнализација за што е склучен посебен Договор за набавка, транспорт и поставување на вертикална сигнализација и сообраќајна опрема со изведувачот „Технодидакта“- Штип и за оваа намена се предвидени 200.000 денари без ДДВ, информира Трајковски.

Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата од Општината потсетија дека е забрането неовластено поставување, преместување, отстранување и оштетување на сообраќајните знаци и на опремата на патот или измена на значењето на сообраќајните знаци, за што е предвидена глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност за физичко лице кое постапува спротивно на одредбата. вс/цр

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан