Во Дебар сè уште нема соoбраќајни налепници со новиот код НМК
- Во станиците за технички преглед во Дебар денеска не е почнато поставувањето на сообраќајни налепници со новиот код НМК.

Дебар, 12 февруари 2024 (МИА) - Во станиците за технички преглед во Дебар денеска не е почнато поставувањето на сообраќајни налепници со новиот код НМК.
-Немаме добиено вакви налепници. Најавено е дека ќе ни пристигнат, но до 13:30 часот немаме. Има поголем број сопственици на возила кои доаѓаат и се враќаат, велат од станиците за технички преглед.
Од полициски извори потврдуваат дека повеќе од сигурно е дека налепнците со кодот НМК ќе бидат дистрибуирани до утре, од кога ќе може да се ставаат на возилата. вт/дма/
Фото: МИА архива