• понеделник, 22 јули 2024

Во Дебар покажан најголем интерес досега за имунизација против сезонски грип

Во Дебар покажан најголем интерес досега за имунизација против сезонски грип

Дебар, 24 ноември 2023 (МИА) - Жителите од поширокиот дебарски регион, главно лица над 65-годишна возраст и хронично болни, годинава покажале поголем интерес за имунизација против сезонски грип, споредено со изминатите години. 

- Како никогаш до сега нашите сограѓани покажуваат интерес за имунизација против сезонски грип, која продолжува непречено. До денес аплицирани се околу 600 дози, што е за 150 повеќе споредено со минатата есен. Главно станува збор за лица над 65 годишна возраст и хронично болни. Од комерцијалните вакцини имаме аплицирано 10 дози, изјави за МИА, Ментор Меља епидемолог.

Додаде дека од вкупно аплицираните дози, стотина се преку службата за вакцината од Општата болница со проширена дејност, која во рамки на нејзините активности за вакцинација, ги посетува и лицата кои поради разни оправдани причини не можеле да дојдат до единицата за јавно здравје во градот.

- Имунизацијата продолжува и сакам преку вашиот медиум да ги информирам граѓаните дека може да се имунизираат и доколку не аплицирале на соодветната апликација. Сето тоа во интерес на здравјето на нашите граѓани. Уште еднаш апелирам да се вакцинираат против сезонскиот грип, бидејќи тоа е најефикасната мерка за заштита, порачува Мела.

Во оваа единица, инаку, освен граѓани од општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива таа, против сезонски грип се имунизираат и жителите од подрачјето на Долна Река, општина Маврово Ростуше, како и граѓани жители на други градови кои во овој период се во нивните родни места, а кои во апликацијата го навеле Дебар како пункт за вакцинација. вт/цр

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан