Во Дебар и Центар Жупа за гласање се пријавиле 95, а ќе гласаат 93 болни и изнемоштени лица
- До општинските изборни комисии, во општините Дебар и Центар Жупа, барање да го остварат своето право на глас, на 18 октомври, ден пред изборите, доставиле 95 болни и изнемоштени лица а прифатени им се барањата на 93 од нив.
Дебар, 12 октомври 2025 (МИА) - До општинските изборни комисии, во општините Дебар и Центар Жупа, барање да го остварат своето право на глас, на 18 октомври, ден пред изборите, доставиле 95 болни и изнемоштени лица а прифатени им се барањата на 93 од нив.
- Барање, да гласаат во своите домови, имаа доставено 83 болни и изнемоштени лице, но, по разгледувањето, три од нив не беа прифатени поради некоплетна документација, што ќе рече дека ден пред неделниот изборен ден треба да гласаат 80 болни и изнемоштени лица. Во нашата општина на 19 октомври ќе се гласа на 27 избирачки места, а правото на глас треба да го остварат над 19.762 граѓани, рече за МИА, Рилинд Хаса, претседател на ОИК.
Според претседателот на ОИК, Неџип Илјаз, во општина Центар Жупа доставени се 12 барања и сите се прифатени.

- Во нашата општина во сабота (18 октомври) правото на глас треба да го остварат 12 болни и изнемоштени лица, колку што и се пријавија. Во единствениот избирачки список се запишани се 7.551 лице со право на глас. Ќе се гласа на 16 избирачки места, идентично како и на изминатите изборни циклуси, рече Илјаз за МИА.
Првите луѓе на ОИК информираа дека во Дебар завршена е обуката за членовите на избирачките одбори, додека во Центар Жупа таа завршува во текот на утрешниот ден. Двете општини припаѓаат на Изборна единица број пет. вт/бд/
Фото: МИА