Во Дебар во петок ќе се одржи 14. издание на фестивалот „Радика Фест 2023“
- Еден од најзначајните културни настани, кого најмладите од поширокиот регион со нетрпение го очекуваат, фестивалот на детски забавни песни на македонски јазик „Радика Фест 2023“, ќе се одржи во петок, на 15 декември, во 13 часот, информираше директорот на фестивалот Зинче Мимидиноски.
Дебар, 10 декември 2023 (МИА) – Еден од најзначајните културни настани, кого најмладите од поширокиот регион со нетрпение го очекуваат, фестивалот на детски забавни песни на македонски јазик „Радика Фест 2023“, ќе се одржи во петок, на 15 декември, во 13 часот, информираше директорот на фестивалот Зинче Мимидиноски.
- Традиционално фестивалот ќе се одржи во концертната сала при Центар за култура - Дебар. Ќе бидат изведени 16 нови авторски композиции со изведувачи од Дебар и дебарско, Маврово и Ростуше, Центар Жупа, Струга и струшко, Охрид и други места. Музиката, текстовите и аранжманите се изработени од повеќе автори меѓу кои Зинче Мимидиноски, Јовица Каралиевски, Емин Мемишоски, Ибраим Бале Исламоски, Јасмин Мимидиноски, Садам Муслиоски, Лила Тодоровска, Миладин Угреновиќ, Милка Минкова, Решат Арсланоски, Меџит Фејзули, Мира Георгиевска и други, рече Мимидиноски.
На фестивалот ќе бидат доделени неколку награди и тоа награди од стручното жири, потоа за најдобар за вокал, сценски настап и за дебитант.
-Фестивалот својата работа ја започна уште во далечната 2010 година од страна на дебарскиот музичар Јасмин Мимидиноски поддржан од страна на Центар за култура-Дебар и со финансиска поддршка на Министерството за култура, во изминативе 13 години, од кога во продукција на фестивалот се околу 200 авторски композиции. Задоволен сум од квалитетот на композициите, од продукцијата како и од прекрасните текстови испеани од страна на детските грла, додава за МИА, Мимидиноски, кој е познат композитор и во народната и забавната музика.
Годинешното 14. издание на фестивалот финансиски е поддржано од страна на општините Дебар, Маврово и Ростуше и Центар Жупа, а помогнато е и од Центарот за култура-Дебар.
Фестивалот, додава тој, медиумски е покриен од повеќе медиуми, меѓу кои, агенцијата МИА, регионалната ТВ3, ТВ Спектра, Дубаи Интернет ТВ како и други медиуми. вт/ев/
Фото: „Радика фест“