• среда, 20 ноември 2024

Во Градско, Росоман и Лозово се реализира проектот „Отпад до храна-органски отпад во зелената економија“

Во Градско, Росоман и Лозово се реализира проектот „Отпад до храна-органски отпад во зелената економија“
Велес, 13 октомври 2022 (МИА) - Програма за развој на Обединетите нации УНДП во Скопје почна со реализација на проектот „Отпад до храна - органскиот отпад во зелената економија“. Целта на проектот е поддршка на зелениот економски развој во општините Градско, Росоман и Лозово, а чии жители главно се занимаваат со земјоделие.  Како што информираат од УНДП МК на нивната фејсбук страница, изработена е анализа за количината и видот на органски отпад во трите општини, по сезони и енергетска вредност, како и студија за економската исплатливост за општините да склучат договори за јавно-приватно партнерство во оваа област. Тие појаснуваат дека во секоја од општините веќе се поставени по десет наменски контејнери за собирање и селекција на органски отпад, кој досега вообичаено завршуваше на нивите или на депониите заедно со останатиот комунален отпад. -Потенцијалот за користење на органскиот отпад како суровина се огромни и токму тоа е фокусот на идните активности во рамки на овој проект, појаснуваат од УНДП МК. Проектот „Отпад до храна - органскиот отпад во зелената економија“ се имплементира со финансиска поддршка на Министерството за финансии на Република Словачка.

Градоначалникот на Општина Градксо, Киро Нацков за МИА информира дека правилното справување со органскиот отпад е еден од приоритетите на општината.

 -За главните предизвици од оваа проблематика, вчера имав можност да разговарам со Елена Бодикова од Словачкамеѓународна консултантка за управување со отпад. Таа ќе нѝ помогне успешно да ги имплементираме сите активности во рамки на проектот „Отпад до храна - органскиот отпад во зелената економија“, кој општината го реализира со поддршкана УНДП МК, појаснува Нацков.

Тој појасни дека се прават напори отпадот од храна од земјоделството и индустријата да не се фрла на локалната комунална депонија, туку да биде органски отпад во зелената економија, односно да се искористи во земјоделството за ѓубрење на земјоделските површини. Со тоа, во многу ќе се заштити животната средина, а ќе се заштедат и пари со негова пренамена.

Проектот „Отпад до храна - органскиот отпад во зелената економија“ се имплементира со финансиска поддршка на Министерството за финансии на Република Словачка.

Нацков информира дека во рамки на понатамошниот развој на проектот вчера ги посетија локалните компании Агриа и Вардар Биопроцес, како и на локалната депонија, со цел дирекно на терен да се запознаат со состојбите и да знаат како сето тоа да го реализираат за да корист имаат и фирмите и земјоделците и Општина Градско.ад/бт/

Остани поврзан