• петок, 05 декември 2025

Во Гостивар запленети кокаин и марихуана, пет лица лишени од слобода

Во Гостивар запленети кокаин и марихуана, пет лица лишени од слобода
Гостивар, 18 мај 2021 (МИА) - Пет гостиварци се приведени и задржани во полициска станица, откако утрово, при претрес на деловен објект во кој престојувале се најдени кокаин и марихуана. Според информацијата од МВР, утрово (18.05.2021) околу 02.00 часот од полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи – недозволена трговија со дрога и оружје во соработка со Полициска станица Гостивар ги лишиле од слобода Г.Д.(27), С.С.(27), И.С.(39), Ф.И.(27) и А.Б.(32), сите од Гостивар. - При претрес извршен во деловен објект и подрумска просторија во Гостивар, кој го користи И.С., извршен со судска наредба, биле затекнати приведените лица. Биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и предмети со остатоци од наркотична дрога. Петмината гостиварци се задржани во полициска станица, а по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок за неовластено производство и пуштање по промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. згм/сст/

Остани поврзан