• четврток, 27 јуни 2024

Во гимназиите во Дебарско, во прва година може да се запишат 308 ученици

Во гимназиите во Дебарско, во прва година може да се запишат 308 ученици
Дебар, 14 јуни 2021 (МИА) - Врз основа на конкурсот на МОН за упис во прва година, во учебната 2021/2022, во трите средни општински училишта, колку што функционират во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше, можност за упис имаат 308 завршени основци. - Во нашата установа можност за упис во прва година имаат 272 ученика, во осум паралелеки, од кои три со настава на македонски и пет на албански наставен јазик, сите гимназиска насока, изјави Шабан Алајбегу секретар на дебарската гимназија „28 ноември“. Додава дека од паралелките со настава на македонски наставен јазик, две се во Дебар и една паралелка во село Могорче, во кои  вкупно може да се запишат 102 ученика. На албански наставен јазик се 170 сите во Дебар. Во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа, квотата за упис во прва година е 68 ученици, односно по една паралелка со настава на македонски и една на турски наставен јазик. Во СОУ„ Маврово Ростуше“ во Ростуше, седиштето на општина Маврово Ростуше, во прва година право на упис, според Конкурсот, имаат 68 завршени основци, во две паралелки, сите на мајчин македонски јазик. Првиот ден минимален е бројот на пријавени, бидејќи вообичаено во првиот уписен рок дел од учениците конкурираат во други средни стручни, пред се медицинските учлишта во земјата. Во последните години квотата за упис во прва година во трите гимназии изнесуваше 544 ученици, но редовно таа не се пополнуваше ниту половично, поради се помалот број основци поради масовната миграција во странство. вт/сст/  

Остани поврзан