Во Газа за 24 часа загинаа 46 лица, вкупно 35.903 за време на војната
- Министерството за здравство на Хамас денеска соопшти дека во израелските напади врз Појасот Газа во претходните 24 часа загинале 46 лица.

Газа, 25 мај 2024 (МИА) - Министерството за здравство на Хамас денеска соопшти дека во израелските напади врз Појасот Газа во претходните 24 часа загинале 46 лица.
Новиот биланс на загинати од 7 октомври 2023 година, кога започна војната меѓу палестинското исламистичко движење и Израел, изнесува 35.903, се наведува во соопштението.
За повеќе од седум месеци за време на таа војна, во Појасот Газа беа ранети вкупно 80.420 луѓе. паг/
Фото: МИА архива