• среда, 24 април 2024

Во војната загинаа и 262 украински спортисти, изјави украинскиот министер за млади и спорт Вадим Хутсаит

Во војната загинаа и 262 украински спортисти, изјави украинскиот министер за млади и спорт Вадим Хутсаит

Киев, 2 април 2023 (МИА) - Војната на Русија против Украина досега ги однесе животите на 262 украински спортисти и уништи 363 спортски објекти, изјави украинскиот министер за млади и спорт Вадим Хутсаит.

На средбата со претседателот на Меѓународната гимнастичка федерација, Моринари Ватанабе, украинскиот министер кажа дека на ниту еден руски спортист не смее да му се дозволи да учествува на Олимпијадата или на други спортски натпревари,пренесе Хина.

-Сите тие ја поддржуваат оваа војна и присуствуваат на настани што се одржуваат за поддршка на војната, изјави Хутсаит, а пренесе Интернет-страницата на претседателот Володимир Зеленски.

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) препорача постепено враќање на руските и белоруските спортисти на меѓународните натпреварувања, како неутрални натпреварувачи, иако се уште нема одлучено за нивното учество на Олимписките игри во Париз во 2024 година.

Украина во петокот соопшти дека на нејзините спортисти нема да им биде дозволено да учествуваат во квалификациите за Олимписките игри во 2024 година доколку мораат да се натпреваруваат против Русите, одлука што ја критикуваше ИОК.

Бројката на загинати украински спортисти или уништени спортски објекти засега не може да се провери од независни извори.

По инвазијата на Русија врз Украина на 24 февруари 2022 година, голем број украински спортисти доброволно го земаа оружјето за да ја одбранат својата земја. сд/

Остани поврзан