• петок, 26 април 2024

Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници

Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници

Скопје, 19 април 2024 (МИА) - Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на наставниците и соработниците во високообразовните установи во земјава во академската 2023/2024 година изнесува 4 656.

Од вкупниот број наставници и соработници, 3 264 или 70.1 % се наставници и 1 392, т.е. 29.9 % се соработници во наставата.

Бројот на наставнички и соработнички во учебната 2023/2024 година изнесува 2 361 или 50.7 %.са/лв/

Фото: МИА архиви

Остани поврзан