• петок, 22 ноември 2024

Основано заедничко тело на Коалицијата ВЛЕН

Основано заедничко тело на Коалицијата ВЛЕН

Скопје, 22 јули 2024 

Како што најавивме, со одлука на Политичкото координативно тело на ВЛЕН денес се формираше Комисија за прашањата на изборите, именувањата и надзор на спроведување на политиките во формат кој брои 8 членови од сите партии кои се дел од коалицијата.

Надлежностите на ова второ коалициско тело се да биде последен филтер на сите кадровски одлуки на ВЛЕН и воедно да врши надзор на спроведување на нашите програмски заложби со единствена цел - зголемена ефикасност во имплементација на политиките.

Оваа одлука е континуитет на одлучноста на лидерите на партиите кои се дел од коалицијата ВЛЕН за постепена внатрешна интеграција заради зголемување на ефикасноста во испорака на предизборните ветувања и заедничко сихронизирано политичко делување.

Непосредна волја на гласачите е ВЛЕН да стане симбол за сенародното обединување на Албанците.
Затоа, ние сме должни тоа да го испорачаме и да ги исполниме очекувањата на Албанците.

Следен чекор е промоција на новата заедничка веб страна, сите коалициони канали за комуникација со кои ќе раководи заеднички Центар за комуникации со јавноста, како што ќе биде именуван и портпарол на коалицијата. Полека но сигурно прераснуваме во одлучна политичка сила
за сигурна иднина за Албанците.

Со почит,


Коалиција ВЛЕН

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото: Коалиција Влен 

Остани поврзан