• петок, 22 ноември 2024

Во Венеција средба на министрите за правда од Г7 

Во Венеција средба на министрите за правда од Г7 

Венеција, 10 мај 2024 (МИА) - Министрите за правда од Групата седум индустриски најразвиени држави (Г7) за време на дводневната конференција што се одржа во Венеција.разговараа за употребата на вештачката интелигенција (ВИ) од страна на судските власти на законски прифатлив начин, пренесува ДПА.

Тема на конференцијата, одржана вчера и денеска, беше како да се постават ограничувања за употребата на машинското учење и роботиката. Италија во моментов претседава со Г7. Во објава на Икс, италијанскиот министер за правда Карло Нордио ја опиша главната тема како „Борбата против транснационалниот организиран криминал, со фокус на трговијата со дрога и перењето приноси од криминал“.

Освен Италија, Г7 се состои од Канада, Франција, Германија, Јапонија, Обединетото Кралство и САД. На состанокот присуствуваа и претставници на Европската Унија. ссм/

фото: архива

Остани поврзан