Во велешката населба Речани започна изградба на фекална канализација
- Во тек е изградба на фекална канализација во населба Речани во Велес, а која започнува во близина на објектот „Доминик“ и ќе биде со должина од 560 метри. Средствата за изведба на оваа подземна инфраструктурна мрежа се обезбедени од Министерство за животна средина.
Велес, 19 ноември 2024 (МИА) - Во тек е изградба на фекална канализација во населба Речани во Велес, а која започнува во близина на објектот „Доминик“ и ќе биде со должина од 560 метри. Средствата за изведба на оваа подземна инфраструктурна мрежа се обезбедени од Министерство за животна средина.
Како што информира градоначалникот Марко Колев, со изградба на оваа делница ќе се изврши канализирање и на фекалните води кои преку цевковод дотекуваат од населените места Дурутовец и Чалошево.
-Се решава уште еден долгогодишен проблем во населба Речани, потенцира Колев.
Воедно најави вакви и слични проекти за водовод и канализација, а со што ќе се подобрат условите за живеење на жителите и во останатите населени места во Општина Велес. ад/дма/