• петок, 22 ноември 2024

Во Велес и Скопје ќе се одржи 20-от Ромски театарски фестивал „GARAVDE MUJA“

Во Велес и Скопје ќе се одржи 20-от Ромски театарски фестивал „GARAVDE MUJA“

Велес, 10 декември 2023 (МИА) - На малата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес вечерва во 19 часот ќе биде отворен  20-от Ромски театарски фестивал „GARAVDE MUJA“. 

Фестивалот ќе се одржи вечерва и утревечер во Велес и Скопје. Го организира Здружението на љубители на ромска фолклорна уметност „Романо Ило“ – Скопје, а во Велес во соработка со Здружението „Бирлик-Јекипе“, информираат за МИА од ова здружение.

На програмата ќе настапат  Театар  Арена - Пула (Кали Сара) од Република Хрватска, Театар „Суно е Роменго“ од Република Србија, театрите „Романе берша“ и „Романо Ило“ од нашата држава, и Санела Емин, дипломиран актер.

Влезот за претставите е слободен.ад/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан