• понеделник, 11 ноември 2024

Во Велес започна времениот режим на сообраќај поради претстојната „Питијада 2024“

Во Велес започна времениот режим на сообраќај поради претстојната „Питијада 2024“

Велес,10 октомври 2024 (МИА) - Поради претстојната  манифестацијата Фестивал на велешка пита и вино „Питијада 2024“ која започнува утре 11 октомври и ќе трае до недела 13 октомври, на улицата „Благој Ѓорев“, со одлука на организаторот Општина Велес  денеска  започна времен режим на сообраќајот во градот, што ќе трае до понеделник 14 октомври во 12:30 часот.

Времениот режим на сообраќај од денеска веќе  се одвива според поставената хоризонтална и вертикална сигнализација, како и знаците кои ги даваат униформираните полициски службеници. Поради тоа од Општина Велес ги замолуваат  сите учесници во сообраќајот, строго да ги почитуваат правилата и прописите, со цел нормално и безбедно одвивање на сообраќајот.

Општина Велес упатува апел до сите граѓани, за време на одржување на „Питијадата 2024“ да се прилагодат на времениот режим на сообраќај и доколку немаат итна потреба, да не ги користат своите возила.

Улицата „Благој Ѓорев“ на потегот од Трговски до црквата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде затворена за целосен сообраќај. На делот од улицата „Благој Ѓорев“, од крстосницата со улицата „Борис Трајковски“ сообраќајот ќе биде забранет и ќе се пренасочи по улицата „Борис Трајковски“.

Возилата кои доаѓаат од улицата „Тодор Јанев“ ќе бидат пренасочени по улицата „8ма Велешка бригада“ и „Тодор Хрисотов“. 

Возилата кои доаѓаат од улицата „Кумановска“ нема да се движат по улицата „Наум Наумовски Борче“ туку ќе бидат пренасочени да се движат по улицата „Ѓорѓи Војтех“ и „Тодор Хрисотов“ па по улица „8ма Велешка бригада“;

На улицата „Благој Ѓорев“ од крстосницата со улицата „Тодор Хрисотов“ и „8ма Велешка бригада“ сообраќајот ќе биде забранет до крстоницата со улицата „Љубљанска“;

Од крстосница со улицата „Љубљанска“ па се до улицата „Орце Мартинов“, улицата „Крали Марко“ и крстосницата со улицата „Алексо Демниевски-Бауман“ сообраќајот ке се одвива двонасочно. Ваквиот потег е преземен поради близината на пристапот до Болницата и сè со цел полесен пристап до неа како и поголема пристапност до домовите на жителите кои што живеат на тој потег од улиците; 

На делот од улицата „Алексо Демниевски-Бауман“, на потегот од крстосницата со улицата „Благој Ѓорев“ до крстосницата со улиците „АСНОМ“ и „Вардарска“ исто така режимот ќе се промени од еднонасочен во двонасочен.ад/

Фото: МИА

Остани поврзан