• четврток, 16 мај 2024

Во близина на камп „Винојуг“ во Гевгелија пронајдена артилериска граната од Првата светска војна

Во близина на камп „Винојуг“ во Гевгелија пронајдена артилериска граната од Првата светска војна

Скопје, 29 април 2024 (МИА) - Во Полициската станица Гевгелија на 27 април било пријавено дека во близина на камп „Винојуг“ во Гевгелија била пронајдена експлозивна направа. МВР денеска соопшти дека бил извршен увид на местото и било констатирано дека станува збор за артилериска граната калибар 75 мм, која потекнува од Првата светска војна.

Гранатата, појаснуваат од МВР, била безбедно подигната од местото. цр/са/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан