• недела, 19 мај 2024

Во битолскиот Градски парк се поставува Болдер трибина

Во битолскиот Градски парк се поставува Болдер трибина

Битола, 27 октомври 2022 (МИА) - Општина Битола во соработка со спортскиот клуб „Вертикал“, во битолскиот Градски парк почнаа активности за поставување на мултинаменска современа инсталација, Болдер трибина.

Од Општина Битола информираат дека архитектурата на инсталацијата е концепирана по модерни текови од европски метрополи каде се врши анимирање на јавните простори.

-Редовна практика е вакви скулптурални болдери со модерен архитектонски дизајн да се поставуваат во современите забавни паркови, а како референца, во овој случај се земени примерите на Словенија, Австрија, Германија и Данска. Објектот има ширина 3,33 метри, должина 10,80 метри и висина 3,60 метри и е дел од проектот чиј носител е Спортскиот клуб за качување „Вертикал“, се реализира во соработка со Општина Битола и со средства обезбедени од европските фондови, информираат од тамошната локална самоуправа.

Болдер трибината е со повеќе функции и освен за качување, таа може да се перцепира како скулптурална инсталација во просторот, бидејќи од едната страна е испрекршена, а другата е ортогонална.

елта на Болдерот не е да се наметне, туку да се вклопи во контекстот, и да стане препознатливо место за собирање, договарање, концерти, изложби, ангажирана забава за деца, спорт и друго. Повеќе студии укажуваат и на важноста од тоа, дека качувањето на карпи, како спортска активност, е од особено значење за децата, бидејќи овозможува добар психо-физички развој кај нив и можност за брзо надминување на одредени фобии, како и правилен развој на нивната самодоверба и решителност, се посочува во соопштението на Општина Битола. мт/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан