• понеделник, 23 декември 2024

Во Битола јавна дебата на тема „Корупција“

Во Битола јавна дебата на тема „Корупција“

Битола, 15 септември 2024 (МИА) - Во организација на здружението „Про Локал“ од Битола и со поддршка на општините од пелагонискиот регион, попладне во битолското кино „Манаки“ ќе се одржи јавна дебата на тема „Корупција“.

Изборот на темата е од младите од Пелагонискиот регион учесници во проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2“ поддржан од амбасадата на Холандија.

Панелисти на јавната дебата се Билјана Ивановска, советник на главниот ревизор во Ревизорското тело за ИПА фондови, Герман Филков, антокорупциски активист, Деница Чадиковска, уредник за комуникации во ИРЛ и новинарот Васко Маглешов. мт/ев/

ФОТО: Про Локал

Остани поврзан