• петок, 22 ноември 2024

Во Битола се гради „Пам трак“ – полигон за велосипеди

Во Битола се гради „Пам трак“ – полигон за велосипеди

Битола, 5 ноември 2024 (МИА) - На површина од 900 квадратни метри, Општина Битола почна изведба на „Памп трак”, полигон за велосипеди што ќе биде лоциран во градскиот парк, во близина на за битолчани познатото „Ќумурно” игралиште.

Станува збор за адреналинска патека која вклучува континуирана патека од нагорнини и надолнини околу кои велосипедистите можат да возат велосипеди, скејтборди, ролери и друго.

Патеката ќе понуди повеќе начини на забавно возење во безбедна и контролината средина. Вкупната вредност на проектот е 5,2 милиони денари, а средствата во целост се обезбедени од буџетот на Општина Битола, соопштија од тамошната локална самоуправа потсетувајќи дека во овој момент во градот почнувајќи од Нова Битола, се градат и велосипедски патеки. мт/цр

 

Фото: Општина Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан