Во Берово најниска утринска температура, највисока во Виница
- Во Берово изутрина во 7 часот се измерени - 4 степени, -3 во Битола, -2 во Маврови Анови, -1 во Скопје-Петровец, Струмица, Тетово и Велес, 0 степени во Демир Капија, Гевгелија и Охрид, 1 во Прилеп, Куманово, Крива Паланка и Претор, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Штип и Кавадарци, 3 во Попова Шапка, 5 во Крушево, а 6 во Виница, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Скопје, 9 март 2025 (МИА) - Во Берово изутрина во 7 часот се измерени - 4 степени, -3 во Битола, -2 во Маврови Анови, -1 во Скопје-Петровец, Струмица, Тетово и Велес, 0 степени во Демир Капија, Гевгелија и Охрид, 1 во Прилеп, Куманово, Крива Паланка и Претор, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Штип и Кавадарци, 3 во Попова Шапка, 5 во Крушево, а 6 во Виница, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
На Попова Шапка има 15 сантиметри снег.
Како што најави УХМР, времето денеска ќе биде сончево и топло до умерена локална облачност. Ќе дува слаб јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 25 степени. Во Скопје, сончево и топло со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.лв/
фото: МИА архива