• среда, 01 мај 2024

Во Битола приведен бегалец од затвор

Во Битола приведен бегалец од затвор

Скопје, 9 март 2024 (МИА) - По наредба за распишана потерница од Казнено поправната установа Затвор-Прилеп, денеска во 11:15 часот, од страна на полициски службеници од СВР Битола на ул. „Мирче Ацев“ во Битола лишен е од слобода битолчанецот Н.Н.(24).

Како што соопшти МВР, Н.Н. бил баран за издржување на вкупна казна затвор во траење од 9 години и 3 месеци, од кои што издржал 2 години и 5 месеци, за тешки кражби и разбојништва. дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан