Во Битола презентиран пелагониски проект за реформи во секторот за води
- Претставници на консултантскиот тим од проектот „Понатамошна поддршка за имплементација на реформите во секторот за води" денеска во Општина Битола одржаа координативна средба со раководните лица на битолските јавни претпријатија „Водовод“, „Нискоградба“, ЈП „Стрежево“, како и претставници на Општина Новаци.
Битола, 2 јули 2025 (МИА) - Претставници на консултантскиот тим од проектот „Понатамошна поддршка за имплементација на реформите во секторот за води" денеска во Општина Битола одржаа координативна средба со раководните лица на битолските јавни претпријатија „Водовод“, „Нискоградба“, ЈП „Стрежево“, како и претставници на Општина Новаци.
Проектот предвидува надминување на територијалната фрагментација во обезбедувањето водни услуги, подобрување на ефикасноста, анализа на опции за кластеризација во три пилот области, меѓу кои е и битолскиот регион, заедно со општините Новаци и Могила.
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски и раководителот на тимот, Ад Санен, информираа дека проектот финансиран од ЕУ, е со временска рамка од 30 месеци и е директно поврзан со предизвиците на јавните претпријатија „Водовод“, „Нискоградба“ и „Стрежево“, соопштија од секторот за односи со јавност на Општина Битола. мт/дма/
Фото: Општина Битола