• петок, 22 ноември 2024

Во Битола одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Во Битола одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Битола, 21 феваруари 2024 (МИА) - Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола го одбележа 21. Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Според востановената традиција, во библиотеката се одржа поетско читање на македонски, албански, ромски, влашки, турски и српски јазик и отворена е изложба на книги на различни светски јазици.

-Со поддршка на УНЕСКО, овој ден се празнува се со цел да се прослават повеќето од 6000 различни јазици кои се зборуваат во светот денес. За жал дел од овие јазици изумираат на глобално ниво. Со цел да се зачува еден јазик, истиот треба да се негува и изучува. Токму поради тоа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е ден за промовирање на лингвистичката, културната разновидност и мултилингвизмот, истакна Бојан Стефановски, директор на НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола.

Избрани стихови од различни автори читаа ученици од ООУ „Елпида Караманди“- Битола, а на изложбата поставени се книги од повеќе автори меѓу кои Григор Приличев, Паскал Гилевски, Раде Силјан, Неџати Зекирија, Јусуф Едип и други. мт/сст/

Фото: МИА

 
 

 
 

 

 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан