Во Битола одбележана годишнина од смртта на народниот херој Стив Наумов
- Општина Битола и општинската организација на Сојуз на борци одбележаа годишнина од смртта на народниот херој Стив Наумов.
Битола, 12 септември 2025 (МИА) - Општина Битола и општинската организација на Сојуз на борци одбележаа годишнина од смртта на народниот херој Стив Наумов.
Како што е познато, пред 83 години во ресенското село Болно, заедно загинаа народните херои Стеван Наумов-Стив и Димитар Богоевски-Мите.
Во име на Општина Битола почит оддаде градоначалникот Тони Коњановски, а цвеќе пред споменикот на народниот херој Стив Наумов положија и претставници на Советот на општина Битола, Сојуз на борци и членови на фамилијата Наумов, претставници на политичките партии како и ученици од основното училиште „Стив Наумов“ од Битола. мт/сст/
Фото: Општина Битола