• петок, 13 септември 2024

Во Берово почна Интернационалниот турнир во Пинг-Понг ,,ЗЕГИН ОПЕН 2024“

Во Берово почна Интернационалниот турнир во Пинг-Понг ,,ЗЕГИН ОПЕН 2024“

Берово, 13 септември 2024 (МИА) - Во Берово денеска започна третиот Интернационален турнир во Пинг-Понг ,,ЗЕГИН ОПЕН 2024". Организатор на турнирот е Пингпонгарскиот клуб Зегин, а на истиот ќе учествуваат пингпонгари од 12 земји во светот.

- Оваа година по трет пат се организира Меѓународниот турнир Зегин ОПЕН. Од година во година имаме се посилен турнир, а годинава имаме пријавено учесници од 12 земји, меѓу кои од Нигерија, Киргистан, Аргентина Украина, Бугарија, Србија и други. Сите тие доаѓаат од 36 градови во Европа и светот. Првиот ден е наменет за ветерани, а утре и задутре продолжуваме со сениорска категорија, додека во недела се младинците. Наградниот фонд изнесува 12 000 евра што го прави ЗЕГИН ОПЕН најголем ваков на Балканот, истакна тренерот на ППК „Зегин", Јован Ковачовски. 

Прв пат годинава, како што додаде тренерот на беровскиот клуб, сите учесници в сабота (14.09.2024) ќе продефилираат низ центарот на Берово до знамињата на своите земји, додека во вечерните часови ќе се одржи и концерт на македонската група Некст Тајм.

Сашо Стојановски, кој е дел од организацијата на турнирот очекува успешен турнир кој прераснува во една голема традиција.

- Оваа година сме домаќини на играчи од многу земји, добро е што имаме се побогат  награднен фонд, со што се зголемува привлекувањето на играчи од поголемата класа. Им посакувам. ногу среќа во натпреварите на сите учесници, додаде Стојановски.

Дел од ветераните кои настапуваат на првиот дел од турнирот веќе биле во Берово, но дел од нив се овде прв пат. Најмногу учесници има од соседна Р.Бугарија кои се уште активно се натпреваруваат за своите екипи.  вс/цр


Фото: МИА

Остани поврзан