• сабота, 28 септември 2024

Милан и Интер одбија реновирање на „Сан Сиро“, предлагаат нов стадион

Милан и Интер одбија реновирање на „Сан Сиро“, предлагаат нов стадион


Милано, 13 септември 2024 (МИА) – Италијанските фудбалски гиганти Милан и Интер го отфрлија проектот за модернизирање и реструктурирање на нивниот стадион Сан Сиро, објави денеска градоначалникот на главниот град на Ломбардија.
„Клубовите кажаа НЕ на реструктурирањето на Сан Сиро предложено од (градежната група) WeBuild“, изјави Џузепе Сала по средбата со менаџерите на двата клуба.
„Тие доставија детални анализи за техничко-економската исплатливост и нивните заклучоци се дека овој проект не може да се изведе со одржливи трошоци и дека не сакаат да се ангажираат во таа насока“, додаде тој.
Нивниот предлог е да се изгради нов стадион во близина на стадионот Меаца.
Проектот за нов стадион во областа Сан Сиро наречен „Катедрала“ беше претставен во 2021 година. Но, набрзо беше напуштен бидејќи, покрај протестите на луѓето што живеат во соседството, бараше и уривање на Стадио Меаца, што не можеше да се направи поради културен интерес.
Во 2026 година, Сан Сиро ќе биде домаќин на церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри Милано-Кортина. Стадионот треба да биде и местото не кое ќе се игра финалето на Лигата на шампиони во 2027 година. ег

Остани поврзан