Во Берово отворена изложбата „Ромскиот геноцид низ очите на младите"
- Во просториите на Музеј на општина Берово, вечерва свечено беше отворена изложбата „Ромскиот геноцид низ очите на младите". Изложбата се реализира во рамките на проектот „Моето право да се сеќавам – Меморализација на Ромскиот геноцид” организирана од страна на РРОМА во соработка со Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO).
Берово, 7 октомври 2024 (МИА) - Во просториите на Музеј на општина Берово, вечерва свечено беше отворена изложбата „Ромскиот геноцид низ очите на младите". Изложбата се реализира во рамките на проектот „Моето право да се сеќавам – Меморализација на Ромскиот геноцид” организирана од страна на РРОМА во соработка со Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO).
Во реализација на изложбата е вклучен и Младинскиот културен фонд на Западен Балкан, во соработка со Министерството за надворешни работи на Германија и ЕРГО мрежата, Белгија.
Со оваа изложба, како што беше потенцирано на отворањето, целта е да се заземе решителен став против опасната клима на маргинализација и омраза, преку подигање на свеста, обезбедување информации и создавање култура на сеќавање.
Изложбата ќе трае до 10 октомври, а влезот за сите заинтересирани кои сакаат да ја посетат е бесплатен. вс/
Фото: МИА