• понеделник, 27 јануари 2025

Во Бангкок воведен бесплатен јавен превоз со цел да се намали загадувањето на воздухот

Во Бангкок воведен бесплатен јавен превоз со цел да се намали загадувањето на воздухот

Бангкок, 25 јануари 2025 (МИА) – Во главниот град на Тајланд, Бангкок од денеска во следните седум дена јавниот превоз ќе биде бесплатен. Одлуката е донесена во обид да се намали високото ниво на загаденост на воздухот.

Мерката им овозможува на патниците бесплатно да користат автобуси, како и електрични возови во Бангкок. Властите се надеваат дека со бесплатниот јавен превоз ќе се намали бројот на приватни автомобили на улиците, кои со фабриките и прашината од градилиштата се клучните фактори кои влијаат врз зголемено загадување.

Според податоците на „АјКјуЕр“ ( IQAir) Бангкок денеска е 14-ти најзагаден град во светот, со квалитетот на воздухот класифициран како „нездрав за секого“. Претходно, главниот град на Тајланд беше меѓу 10-те најзагадени градови во светот. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан