• вторник, 14 мај 2024

Во американски напад со дронови во Сирија елиминиран еден од лидерите на ИД

Во американски напад со дронови во Сирија елиминиран еден од лидерите на ИД

Вашингтон, 9 јули 2023 (МИА) – Пентагон денеска соопшти дека при напад со дрон во Сирија убиен е еден од лидерите на Исламска држава, Усама ал Мухаџир.

Според неименуван американски претставник, повеќе од два часа руски летала ги попречувале трите американски дронови, кои биле во потрага по Мухаџир.

Тој во момент на нападот возел мотор во Алепо.

Мухаџир е елиминиран во северозападна Сирија, но обично дејствуваше во источниот дел од земјата. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан