• четврток, 20 јуни 2024

Во Албанија во првото тромесечие пониска просечна плата за 2 отсто

Во Албанија во првото тромесечие пониска просечна плата за 2 отсто

Тирана, 13 јуни 2024 (МИА) - Во Албанија,  првото тромесечие од годинава  забележано е намалување на платите и во јавниот и во приватниот сектор во однос на крајот на 2023 година. 

- Според државниот институт за статистика, ИНСТАТ, просечната бруто месечна плата во првиот квартал од 2024 година, изнесува 73.641 лека (736 евра) од 75 илјади (750 евра)  на крајот на минатата година. Тоа значи дека просечната плата е помала за  речиси 2 отсто, објави агенцијата Балкан веб.

Според истиот извор намалувањето на платите во првиот квартал од годинава генерално е поврзано со тоа што во последниот квартал многу компании даваат бонуси на вработените, поради што нивната плата е повисока во последниот квартал од годината. вт/

 

 

Остани поврзан