• недела, 09 февруари 2025

Во автобуска несреќа во Мексико загинаа над 40 луѓе

Во автобуска несреќа во Мексико загинаа над 40 луѓе

Мексико Сити, 9 февруари 2025 (МИА) – Во вчерашната сообраќајна несреќа што се случи во јужниот дел на Мексико загинаа 41 човек.

Несреќата се случила кога автобус, со кој се превезувале 48 луѓе, се судрил со камион, при што загинале и двата возачи. По судирот изби пожар во автобусот.

Се истражува дали автобусот се движел со дозволена брзина. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан