• вторник, 14 мај 2024

Во август земјава ја посетиле над 102 илјади странски туристи

Во август земјава ја посетиле над 102 илјади странски туристи

Скопје, 13 октомври 2023 (МИА) – Во земјава во август годинава се евидентирани вкупно 216.872 туристи, од кои 114.811 (52,9%) биле домашни, а 102.061 (47,1%) странски туристи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, тие оствариле 877.138 ноќевања, од кои 75,2 отсто ги оствариле домашните, а 24,8 отсто странските туристи.

Во првите осум месеци од годинава за 22 отсто е зголемен бројот на туристите во споредба со истиот период лани при што кај домашните туристи има зголемување за 0,4, а кај странските за 42,4 отсто. Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 9,6 отсто и тоа за 1,2 отсто кај домашните и за 25,5 отсто кај странските туристи.вј/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан