• четврток, 26 март 2026

Волц го предупреди Хамас дека условите за договорот за заложници ќе се влошат откако Трамп ќе ја преземе функцијата

Волц го предупреди Хамас дека условите за договорот за заложници ќе се влошат откако Трамп ќе ја преземе функцијата

Вашингтон, 12 јануари 2025 (МИА) – Идниот советник за национална безбедност на САД Мајк Волц го предупреди Хамас дека условите за договорот за заложници ќе се влошат ако почека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да стапи на функцијата.

- Да дозволиме нашите заложници да бидат ослободени. Сакам да ги видам како одат преку асфалтот, или барем, некаков вид договор пред инаугурацијата, бидејќи претседателот Трамп е сериозен, изјави Валц за емисијата „Оваа недела“ на Еј-Би-Си.

- Секој договор само ќе се влоши за Хамас, а на Блискиот исток ќе има пекол, ако продолжиме да имаме ваков вид заложничка дипломатија, додаде Волц. јт/

Фото: Скриншот

Остани поврзан