• петок, 27 септември 2024

Волфганг Петрич: Нормализирањето на односите меѓу Србија и Косово е единственото решение за мирен соживот

Волфганг Петрич: Нормализирањето на односите меѓу Србија и Косово е единственото решение за мирен соживот

Белград, 22 ноември 2023 (МИА) - Поранешниот специјален пратеник на Европската унија за Косово и поранешен висок претставник на меѓународната заедница за Босна и Херцеговина Волфганг Петрич денеска изјави дека се надева оти дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе продолжи бидејќи нормализацијата е единственото решение за мирен соживот во регионот, јавија белградски медиуми пренесувајќи негова изјава дадена за Танјуг.

На прашањето за актуелната ситуација на Косово тој наведе дека ситуацијата се смирила благодарение на интервенцијата на КФОР, кој сега ќе биде засилен за да спречи ескалација што во последно време ја доживеа северниот дел на Косово.

Петрич вели дека не гледа можност за брзо продолжување на дијалогот бидејќи следните избори се на 17 декември кои, вели, се приоритет на Србија, а потоа следува периодот на формирањенова влада.

„Следната година има избори во Европската унија, а во ноември 2024 година најважните претседателски избори во САД, чиј исход би можел да има големо влијание врз прашањето за Србија-Косово. Тоа значи дека преговарачите -   Лајчак,   Борел, но и Ескобар - нема да имаат многу простор за нови иницијативи“, рече Петрич.

Според него, посетата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на регионот, а особено на Белград, е многу важна бидејќи,   градење доверба меѓу НАТО и Србија е клучно за мирната иднина на Западен Балкан. зш/

Остани поврзан