• недела, 14 јули 2024

Волонтерите на Црвен крст Делчево реализираа акција за справуваа со топлотниот бран

Волонтерите на Црвен крст Делчево реализираа акција за справуваа со топлотниот бран

Делчево, 22 јуни 2024 (МИА) - Во Делчево беше спроведена активност за справување со топлотниот бран помеѓу постарата популација. Во рамки на активноста, која беше организирана од  Црвен Крст Делчево, беа поделени шишиња со вода на повеќе локации во градот.

-Волонтерите при Клуб на млади на Црвен крст на РСМ Општинска организација Делчево се активни за време на топлотниот бран. Согласно препораките на надлежните институции, а како дел од системот за одговор и дејствување при катастрофи и здравствено превентивно дејствување тие делат шишиња со вода на најфрекфентните локации во Делчево, истакнаа од Црвен крст Делчево.

Овие активности, како што додадоа оттаму, ќе се извршуваат се додека трае топлотниот бран.

-За време на топлотниот бран ќе им излеземе во пресрет на повозрасните лица, со тоа што акциите ќе се спроведат со опфат на поширокото подрачје во општината, велат делчевските волонтери, учесници во денешната акција.

Од Црвен крст апелираа да се почитуваат препораките за заптита од топлотниот бран, се со цел да не дојде до несакани проблеми кај повозрасната популација. вс/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан