Возрасен охриѓанец е жртвата во вчерашната сообраќајна несреќа кај Охрид
- Охриѓанецот В.Б. (83) е жртвата во сообраќајната несреќа што вчера вечерта со случи на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на охридскиот аеродром.
Охрид, 10 јули 2025 (МИА) – Охриѓанецот В.Б. (83) е жртвата во сообраќајната несреќа што вчера вечерта со случи на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на охридскиот аеродром.
Според информациите од СВР – Охрид, синоќа во 20:40 часот полицијата била известена дека на магистралниот пат Охрид–Кичево кај селото Оровник се случила сообраќајна несреќа. Притоа се судриле два патнички моторни возила, „цитроен“ со охридски регистарски ознаки управувано од В.Б.(83) од Охрид и патничко возило „ауди“ со албански национални ознаки, управувано од А.М.(36) од с.Синичане, општина Боговиње.
На лице место починал возачот В.Б, а смртта ја констатирал лекар од Службата за итна медицинска помош. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.
Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот А.М. и неговиот сопатник Б.Б.(24) од Куманово, кои биле префрлени на третман во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид.
На местото на незгодата е извршен бил увид СВР – Охрид во присуство на јавен обвинител, што треба да ги утврди околностите под се случила несреќата. аб/са/
фото/МИА