Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна
- Водата во Скопје е безбедна и квалитетна за пиење, покажа контролата на 211 примероци за физичко-хемиска и 211 примероци за микробиолошка анализа од 46 мерни места во Град Скопје, соопшти денеска ЈП „Водовод и канализација" – Скопје.
Скопје, 28 јули 2025 (МИА) - Водата во Скопје е безбедна и квалитетна за пиење, покажа контролата на 211 примероци за физичко-хемиска и 211 примероци за микробиолошка анализа од 46 мерни места во Град Скопје, соопшти денеска ЈП „Водовод и канализација" – Скопје.
Според неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, контролата е спроведена од 21 јули 2025 до 25 јули 2025 година.
-Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП „Водовод и канализација“- Скопје. мд/дма/
Фото: МИА