Водата во Скопје исправна и безбедна за пиење
- Водата во Скопје е исправна и безбедна за пиење, покажа контролата на 160 примероци за физичко-хемиска и 160 примероци за микробиолошка анализа од 45 мерни места во Град Скопје.
Скопје, 9 јуни 2025 (МИА) - Водата во Скопје е исправна и безбедна за пиење, покажа контролата на 160 примероци за физичко-хемиска и 160 примероци за микробиолошка анализа од 45 мерни места во Град Скопје.
- Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговарат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје. мд/вг/
Фото: МИА архива