Водата во Скопје е квалитна и безбедна за пиење
- Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажуваат резултатите од анализите што ги изврши ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Скопје, 10 декември 2024 (МИА) - Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажуваат резултатите од анализите што ги изврши ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
- Секторот за санитарна контрола во периодот од 2 декември 2024 до 6 декември 2024 зема 204 примероци за физичко-хемиска и 204 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 50 мерни места во Град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), се вели во соопштението од „Водовод и канализација“ - Скопје. мд/ац/
Фото: МИА архива