• четврток, 09 мај 2024

ВМРО - ДПМНЕ: Дали понудената повисока цена на ЕСМ на тендерот кај ЕВН ХОМЕ се должи на партиски вработувања 

ВМРО - ДПМНЕ: Дали понудената повисока цена на ЕСМ на тендерот кај ЕВН ХОМЕ се должи на партиски вработувања 

Скопје, 1 декември 2023

 

Деновиве во јавноста проструија многу информации кои не влеваат надеж за македонскиот државен производител на електрична енергија ЕСМ. Неофицијано низ Битола, каде е најголемиот енергетски комбинат РЕК Битола, се зборува за околу 450 нови вработувања на партиски послушници во РЕК Битола, а во цело ЕСМ таа бројка достигнува 700.

Новина е дека на тендерот кај ЕВН ХОМЕ победи ЕСМ, но со 7,5 % повисока цена од минатиот тендер. Секако на јавноста добро и е познато дека ова зголемување значително ќе влијае на крајната цена кај домаќинставата и малите потрошувачи.
Сам по себе се наметнува заклучокот дека сите ние ќе ги платиме од свој џеб овие нови вработувања на 700 партиски војници, преку повисоката цена на струјата.
Дури и она мало предизборно „частење“ на Бислимоски со враќање на ефтината тарифа за домаќинствата кое едвај би се почуствувало, сега се стопи поради ова енормно покачување од 7,5 %.

Се поставува прашањето дали за да го купат социјаниот мир сега регулаторите ќе удрат по цената на малите потрошувачи, обидувајќи се да ги заштитат домаќинствата од ценовен шок? Но, тоа би значело повторен удар врз економијата, бидејќи малите потрошувачи се т.н. „мал бизнис“, кој исто такја плаќа даноци и го полни буџетот!

Како и да е, некој ќе го извлече подебелиот крај, а со оваа власт на СДС и ДУИ тоа се сите граѓани на Република Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан