• среда, 12 февруари 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже со што го задолжил Заев и зошто не сака да се извини за криминалот на Груби

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже со што го задолжил Заев и зошто не сака да се извини за криминалот на Груби

Скопје, 18 јануари 2025 

Филипче да каже со што толку многу го задолжиле Заев и Груби што не сака и не смее да се огради  и да се оттргне од Заев.

Филипче и СДС се заложници на Груби и не смеат да и се извинат на јавноста поради тоа што дозволија милионски криминал од Артан Груби.

Филипче и СДС знаеја и молчеа додека Груби слободно ги крадеше народните пари.

Филипче и СДС се соучесници во корупцијата, мегаломанскиот криминал и осиромашувањето на народот.

Филипче и СДС не се извинуваат на граѓаните и се препелкаат во политичкото мочуриште затоа што се соучесници во епскиот криминал на Груби и ДУИ.

Филипче и СДС месец дена го штитат Груби и тонат во политичкото мочуриште а рејтингот им се топи и е во слободен пад.

Филипче и СДС дозволија Груби да краде само паради тоа што единствен приоритет им беше да останат на власт.

За СДС и Филипче терминот политичка одговорност е непознат, СДС е истата деструктивна партија која ја уништи државата и го осиромаши народот, како во времето на Ковачевски така и во периодот на Заев.

ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан